Берат Имери нов тренер на Шкендија Арачиново – клубот најавува силен поход кон Првата лига


ФК Шкендија Арачиново има нов шеф на стручниот штаб. По денешната разделба со досегашниот тренер Љупчо Марковски – Калц, раководството на клубот одлучи кормилото на тимот да му го довери на Берат Имери.
Од клубот информираат дека договорот со Имери е постигнат со јасна цел – продолжување на развојот на екипата и реализација на амбициозниот проект кој има за цел пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија Арачиново во последниот период се наметна како сериозен проект во македонскиот фудбал, а со ангажманот на Имери клубот верува дека ќе добие дополнителна енергија и стабилност во борбата за врвот на табелата.
Раководството на клубот му се заблагодари на Марковски – Калц за досегашниот ангажман и придонес во работата со тимот, додека од новиот тренер се очекува да ја продолжи позитивната насока и да ја води екипата кон остварување на големата цел – историски пласман во Првата лига.