
Второлигашот Беласица со нови две засилувања во ростерот за пролетната полусезона, пристигнаа Ерион Шуку и Бујар Иљази во струмичкиот тим.
Шуку е централен офанзивен играч доаѓа од прволигашот Шкупи кој е негов матичен клуб, а има настапувано за Скпје, Арсими и Слога Виница.
Иљази е крилен играч кој доаѓа од Шкендија Арачиново, беше дел и од Куманово, Академија Илинден, Гостивар, Велазерими и Генч Калемлер, а кариерата ја започна во Шкупи.
Беласица пролетниот дел го отвара против Охрид на домашен терен.
Второлигашот Тетекс го комплетираше ростерот за новата сезона со осум нови играчи. Нови „штофари“ се Амар Хаџибулиќ, Или Зибери, Максим Цониќ, Александар Анастасијески, Хисар Али, Еди Бајрами, Мартин Јованоски и Матеј Јордановски.
Тетекс вториот дел од сезоната го започнува на домашен терен против Вардар Неготино.
Александар Ванев, М-Нет