
Одиграни се натпреварите од 5. коло во Втората македонска фудбалска лига, кое донесе многу голови и возбудливи дуели.
Во Автокоманда, Скопје приреди вистинско шоу против Победа, славејќи со убедливи 8:1 и испраќајќи ја прилепската екипа во уште подлабока резултатска криза.
Беласица успеа да слави на гостувањето во Виница против Слога со 1:2, додека Новаци со минимални 1:0 ја совлада Тетекс благодарение на голот на Христијан Драгарски.
Најубедлив гостински триумф забележа Брегалница Штип, која со 1:3 беше подобра од Каменица Саса. Охрид и Кожуф одиграа без голови (0:0) на „Билјанини извори“.
Осогово ја искористи шансата и со 0:2 славеше кај Големо Коњари, додека Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново ремизираа без голови (0:0). Во Ресен, Вардар Неготино го совлада Преспа со 1:2 и се врати со три бода.
Александар Ванев, М-Нет