
Без вода утре ќе останат граѓаните на Свети Николе поради дефект на цевководот за водоснабдување од хидросистемот „Злетовица“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до целосно отстранување и санирање на дефектот.
Како што информираат надлежните, граѓаните за сите дополнителни информации и евентуални промени во водоснабдувањето ќе бидат навремено известени.
„Поради дефект на хидросистемот „Злетовица“, во вторник, 06..10.2026 година, ќе има прекин во водоснабдувањето. Прекинот ќе трае до целосно отстранување и санирање на дефектот.“, велат од општината
Инаку, водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по санирањето на дефектот, а граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите промени.
Иван Митев, М-Нет