
Деветмина оризопроизводители од кочанско денеска правдата ја бараат на Суд. По минатогодишните протести девет оризопроизводители денеска пред Основниот Суд во Кочани даваа искази за тогашната блокада на патниот правец Штип Кочани, кај село Облешево. Според пријавата тие како организатори на протестот не спречиле целосна блокада на овој патен парвец. Без адвокат и со чиста совест се бранеа пред Судот, велат тие.
„Не знам за адвокати ние се браниме со чиста совест, не ни требаат адвокати на нас, ако мислат дека треба да не затворат нека не затворат ама кој ќе и произведува утре храна, ќе останат без храна“
„Ниту сме навредиле, ниту сме сториле нешто кривично за да може да одговараме на овој начин на кој сега сме повикани во Судот. Причина што они ја наведоа е втората лента што самите од обезедувањето ја направија бидејќи инсистираат да бидат пуштени некои камиони кои ја блокираа лентата“
Ковид пандемијата речиси помина, ама гладот ќе биде поголем најавуваат оризопроизводители.
„Луѓето ќе трпат за леб, ние сме на прагот на граѓанска војна, со ова темпо мислам дека ситуацијата во држават ќе биде многу лоша“
Проблемите на кочанските оризопроизводители со откупната цена на оризовата арпа и на белиот ориз си остануваат. Сметаат дека она што го произведуваат е со ниска цена. Деновиве низ кочанско поле почна сеидбата на оризот, кој треба да се посее на околу 4.000 хектари.
Лаура Стојанова М-Нет