
Третолигашот БВК Коњаре продолжува активно да го гради тимот за претстојната сезона, а најново засилување во нападот е младиот центарфор Амар Мустафа.
Од клубот истакнуваат дека станува збор за амбициозен напаѓач кого го красат борбеноста, желбата за постигнување голови и стремежот кон успех. Мустафа во Коњаре пристигнува како слободен играч, а претходно настапуваше за ФК Шкендија Арачиново и ФК Беса Скопје, каде што стекна драгоцено искуство.
Во својата објава, БВК Коњаре му посака многу здравје, среќа и успеси во новата средина, со порака дека заедничката цел е испишување нови страници во клупската историја.
Со ова засилување, клубот уште еднаш покажува дека има сериозни амбиции во новата сезона, а од Амар Мустафа се очекува да биде важен адут во офанзивната линија и да придонесе со голови во битката за највисок пласман.