
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Башкими, го промовираше искусниот Арменд Алими, како ново големо засилување.
37-годишникот се враќа дома, во клубот каде ја започна својата професионална кариера, а за прволигашот од Куманово настапуваше во период од 2005 до 2007 година.
Низ својата кариера искусниот Алими на домашната сцена настапуваше за Милано Куманово, Работнички, Шкендија и Беса, додека интернационалната кариера ја градеше во Истра од Хрватска), Оребро од Шведска), Неа Саламис и Ермис од Кипар.
За Башкими кој во сезона 2004/2005 го освои Купот на Македонија и играше во европските квалификации, Алими претставува значајно засилување, а со неговото искуство и лидерство ќе донесе стабилност во елитата и ќе го зголеми квалитетот на повисоко ниво.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 8 август.
Александар Ванев, М-Нет