Башкими за последниот меч на домашен терен против Детонит Плачковица бара поддршка од навивачите и полн стадион!

ФОТО: ФК Башкими

Екипата на Башкими утре ќе го одигра последниот натпервар на домашен терен за оваа сезона, во рамки на претпоследното 29. коло на Втората фудбалска лига ќе се соочи со радовишки Детонит Плачковица.

Клубот од Куманово преку соопштение побара поддршка од навивачите со цел да дојде до триумф над тимот од Радовиш.

„Почитувани навивачи на ФК Башкими 1947, оваа сабота ќе го одиграме последниот меч на домашен терен за оваа сезона – важен момент за нашиот клуб и за целиот град! Ќе создадеме прекрасна атмосфера! Ги покануваме сите да бидат присутни на стадионот најмалку 15 минути пред почетокот на натпреварот, за да ни биде што поубава организацијата и да ја покажеме нашата љубов кон тимот. ФК Башкими 1947 е гордоста на Куманово – да бидеме обединети и да дадеме се од себе за достоинствено и гордо да ја завршиме сезоната! Се гледаме на стадионот“, се вели во соопштението на Башкими.

Натпреварот меѓу Башкими и Детонит Плачковица се игра утре со почеток од 17 часот.