Башкими гледа идеална прилика против Шкупи за нов триумф, Тиквеш и Арсими во соочување за трето славје во ПМФЛ!

ФОТО: ФК Башкими

Десеттото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во четири денови, ќе се отвори во петок, а ќе се затвори во понеделник.

Во петок на програмата ќе бидат два натпревари. Башкими на домашен терен има идеална шанса за триумф и три бодови против „фенерџијата“ Шкупи, кој пак во Куманово ќе допатува во обид да стигне само до првото сезонско славје и да стави прекин на лошата серија резултати.

Во Кавадарци ќе има дуел од средишниот дел на табелата на две екипи кои ќе атакуваат на третото сезонско славје. Тиквеш против Арсими во битка за трите бодови, кои се важни и за двете екипи со цел да се доближат до зоната за директен опстанок.

Во сабота ќе се одиграат два дуели. Скопско дерби на Работнички и Македонија ЃП. Ако гледаме според формата тогаш „лавовите“ сигурно е дека ќе имаат голема предност, а „романтичарите“ ќе атакуваат на второ славје, но и излез од резултатската криза, бидејќи според последните пет меча имаат еден победа, три последовалните порази и едно реми од последниот меч со Шкупи.

Лидерот и поранешен шампион Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против Брера Струмица, фаворитската страна е на страната на домаќинот, а пак струмичани сакаат одново да одиграат во добро издание и да извлечат бодови од тешкото гостување покрај Охридското Езеро.

В недела ќе се одигра еден меч – во Кратово силите ќе ги одмерат Силекс и Пелистер кој е во длабока резутлатска криза. Силекс серијата од три порази ја прекина во претходното коло кога го доби Тиквеш, додека пак Пелистер во резултатска криза со четири порази и едно реми, а тоа резултираше со нова тренерска промена, па така новиот стратег Милан Стојановски ќе има за цел да го извлече битолскиот прволигаш од резултатска криза и да го врати на победничките патеки во сезона каде повеќе од јасно е дека Пелистер ќе атакува на опстанок.

Колото ќе се затвори во понеделик со големото дерби меѓу Шкендија и Вардар дуел на два конкуренти кои се борат за титулата. Двете екипи досега немаат забележано пораз, а имаат идентична форма од шест победи и три ремија и со по 21 бод го делат второто место, односно двете екипи имаат негатива од два бода во однос на лидерот Струга.

Влогот од овој меч ќе биде голем, а кој прв ќе загуби ќе дознаеме во понеделник во големото дерби, а традицијата вели дека треба да очекуваме најмалку два погодоци.

Александар Ванев, М-Нет