
Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига.
Како што е познато Осогово ќе бара опстанок во Втората лига, а во ждрепката се петте шампион во Трета лига, односно Слога Виница од Исток, Шкендија Арачиново од Север, Големо Коњари од Југ, Тетекс од Запад и екипата на Преспа од Југозапад.
Ждрепката посака во баражот да се соочат Преспа против Слога Виница, Шкендија Арачиново оди против второлигашот Осогово, а пак Големо Коњари ќе се соочи со Тетекс.
Натпреварите ќе се одиграат во сабота (24 мај).
Победниците од бараж натпревари ќе бидат нови второлигаши за следната натпреварувачка сезона 2025/2026.
Александар Ванев, М-Нет