
Ајварскиот пипер дел од понудата на пазарот во Кочани. Се продаваше по цена од 70 денари за килограм ама купуваа само странците. За домашните купувачи оваа цена е висока. Продавачите пак децидни дека цената на пиперот за зимница нема да „падне“ бидејќи како што велат производството е преполовено заради високите температури и временските услови. Дополнително се бараа доматот, компирот и пиперот за пржење, кои денеска се продаваа по различни цени согласно квалитетот на производите.
„Најмногу се бара доматот и компирот, купува кој што му е потребно. Цената на доматот зависи од квалитетот од 50 денари па нагоре.“ – велат продавачите.
За купувачите пазарот делумно скап, велат се купува по малку и согласно примањата. Освен сезонскиот зеленчук и овошјето на пазарот во Кочани се продаваше и ракија, мед, како и парчиња текстил.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет