
По барање на жителите дека асфалтна маса се постави на улицата Руен во штипската населба Баби. Со 850 илјади денари пари обезбедени од Буџетот на Општината се асфалтираше улица со вкупна површина од 1250 метри квадратни. Увид во градежните активности изврши градоначалникот Иван Јорданов кој истакна дека веднаш по завршување на оваа улица ќе се пристапи кон работа на терен во населб Дуизлак.
„Денес сме во населба Баби на улица Руен да направиме увид на активностите за нанесување на асфалтна маса на вкупна површина од 1250метри квадратни. Вкупната инвестиција која е издвоена од страна на Општина Штип од парите на граѓани е 850 илјади денари. Станува збор за реконструкција на улица Руен која жителите ја пријавија ја ставивме во прграмата. Веднаш по завршување на оваа улица, ќе се пристапи кон асфалтирање на улиците во населба Дуизлак.“ – вели Јораднов.
Граѓаните задоволни од она што се работи на терен, велат после 30 години и променети многу градоначалници конечно и нивната улица ќе добие асфалтен слој.
Припремите за асфалтирање на улици и поставувањето асфалтна маса на територија на Општина Штип е дел од најавената пролетна офанзива на Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет