Арсими со голема победа над Силекс во Кратово

ФОТО: ФК Арсими

Екипата на Арсими ја продолжува одличната серија резултати, откако попладнево славеше над Силекс во Кратово за отварање на 15. коло на Првата македонска фудбалска лига, откако дебитантот во елитата го доби поранешниот шампион со 1:3.

Големата количина на вода на теренот правеше проблеми во самата игра и тоа значително се рефлектираше врз играта на двете екипи, а Арсими кој во претходното коло убедливо го доби шампионот Шкендија, сега слави и над Силекс во Кратово.

Пред крајот на првиот дел Арсими дојде до водство преку Мирнел Хурич за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Арсими стигна до два гола предност преку Мартин Мирчевски а во 75. минута Силекс намали на 1:2 преку Ринор Ајдини.

Во 81. минута Арсими стигна до конечните 1:3 преку голот на Албан Таипи.

Александар Ванев, М-Нет