Арачиново е подготвено за пречек: Шкендија слави голема победа над конкурентот Куманово

Шкендија Арачиново слави голема победа над директниот конкурент Куманово од 3:0 во мега дерби-пресметката, а во рамки на 17. коло во Трета лига – Север.

Арачиново е подготвено ќе се слави големата победа на Шкендија, бидејќи сега се разгорува борбата са првото место и баражот, бидејќи лидерот Куманово има само бод повеќе од Шкендија која е второпласирана.

Дерби пресметката која можевте да ја следите на телевизија М Нет, бепе отворена со голот на Шуајб Алити во 25. минута за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Алити во 50. минута погоди за 2:0. Печат на големата победа стави Елмир Алији во 82. минута за конечни 3:0.

Башкими Љуботен одигра 0:0 со Кадино, Петровец го доби дербито од дното со “фенерџијата” ССК Нова со 3:2. Белиќи постигна еден гол, а двоен стрелец беше Дерлишта, за гостинот стрелци беа Мемедовски и Ѓоргиев.

Аеродром со 3:2 слави голема победа над Риниа, во меч каде за домашниот тим стрелци беа Алексоски, Пешовски и Каланоски, а за гостинот двоен Јусуфи.

Вчера, БВК Коњаре со 1:0 го доби дербито со Фортуна, Еуромилк ГЛ со 6:0 славеше над Бутел, Пехчево со 1:0 славеше над Беса Влазрими, а извештајот од овие мечеви е веќе објавен на М Нет.

Александар Ванев, М-Нет