Венко Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар, побара Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.
„Токму оние кои со години имаа политичка и институционална моќ денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста. Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по добиените над 400 извештаи кои укажувале загадена вода? Гостиварци мора да дознаат зошто биле труени со години, а СДС и Филипче не презеле никакви чекори“, рече тој.
За среќа, додаде Андоновски, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенирала за граѓаните да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Но, додаде Андоновски, паралелно со решавањето на актуелната состојба, мора да се расчисти и минатото.
„Затоа го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите кои ги споделивме во јавноста“, рече Андоновски.
Текстот Андоновски: Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар е превземен од МАКФАКС.