
Александар Јанев од штипското село Радање е еден меѓу последните генерации кој сеуште се занима со сточатство и со својата фамилија прави вкусно кравјо сирење. Со макотрпна работа и станување од зори, како што знае да рече тој, денот започнува , дури не се пие ниту кафе. За да се добие квалитетно сирење е потребна добра храна, чиста средина, но и навремена вакцинација, за добитокот за да финалниот резултат да биде неодол додава тој.
„Ова сирење се подготвуваа од како ќе се измолзат кравите со окоплу 32 степени треба да биле самото млеко топло, по кое се подсирува и стое околу два часа и триесет минути. По два ипол часа, се сече и се одвојува истото од така наречената цвик со што се процедува и се става во сад наречен калап. Тоа исто стое околу 2 часа во калапот, по што се насолува и излегува добро сирење. Па најбргу може да се направи за 6 часа, а ферментација му е од месец време може да се користи да се јаде, додека за обчото е потребно 90 дена, а масленоста е потреба да биде околу 4,5 масни единици. Јас зборувам за нашето млеко.”, вели Јанев
Во есенскиот период знаеме да подготвуваме срење и за некој купец, но тоа претежно се поблиски пријатели, бидеќи работата е тешка и несиплатлива.
“Правеме, за наши потреби се правиме, а за пријатели посебно правиме околу 60 канти во есенскиот период, кој сакаат да си купат, па затоа правиме порачка. Имаме околу 50 крави и дневно добиваме млеко околу еден тон. Ние кога ќе станеме наутро секој си ја знае работата. Од кога ќе станеме се миеме очи, раце и од тука понатаму одиме и не пиеме кафе, така што еден ги молзе кравите, додеа другиот ги хране. Одкако ќе се измолзат млекото го спремаме, се процедува, по кое што доаѓа млекарот и си го зима. Оваа работа треба да биде готово до 7 часот и 30 минути. Кравите се шталски и ги хранеме со концентрат и детелина.”, додава Јанев
За да ја работам работата во голема мера, потребно е да имам мандраџија и други вработени, за да се преработи доволно еден тон млеко, вели Јанев.
“Секоа работа е макотрпна, меѓутоа ако си ја сакате работата и ако сакате да извадете така наречено пет денари, треба да да се потрудиш. Финален производ е секогаш исплатлив, ама си треба за се луѓе, значи треба да имам мандраџијa, плус друѓи работи и за да го преработам дефинитивно треба мандраџија, еден тон млеко не се лесно работи.“ , истакна Јанев.
Јанев во целиот досегашен свој живот се занимава со сточарство и земјоделство и еден од врвните во регионот претпознатлив по својот квалитет. Во минатото тој одгледуваше овци, но современите механизации, го натерале да се префрли да одгледува крави со кој ќе го продолжи остатокот од животот.
Лаура Стојанова, М-Нет