Александар Богданоски од Кожуф нов играч на Шкупи

Младиот напаѓач Александар Богданоски е нов фудбалер на Шкупи. 18-годишникот на Чаир доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија.

Младиот играч со своите игри се докажа во редовите на Кожуф, клуб кој секогаш им дава шанса и можност за докажување на младите играчи.

Богданоски своите фудбалски почетоци ги започна во Спортефе-Вардар, потоа замина во Кул Здравје, па Работнички, од каде пристигна во редовите на Кожуф од Гевгелија.

Фудбалерите на Кожуф заедно со штипскиот стратег Трајче Сенев, како и управата му се заблагодарија на Богданоски за досегашниот придонес во клубот, посакувајќи му многу успеси во понатамошната кариера.

Александар Ванев, М-Нет