Ако судот утре не изрече доживотна казна за убиецот на Емилија Пешева од Штип, тогаш право на жалба ќе има само обвинителството

Ако судот утре не изрече доживотна казна за убиецот на Емилија Пешева од Штип, тогаш право на жалба ќе има само обвинителството, велат адвокатите на родителите на убиената. На вчерашното судење, обинителката побара доживотна казна за Фадил Зејнелов со што ќе му се суди за кривично дело извршено при родово базирано насилство

„Во случајот само обвинителот, има право на жалба во делот на казната, а ние како полномошници имаме право на жалба само во делот на евентално досудените трошоци или штета„ изјави адвокатот Мишко Чолаков.

Со голема болка во срцето, родителите на Емилија велат дека само со доживотна казна може правдата може ќе се задоволи, но сепак нивната ќерка никогаш повеќе нема да се врати.

„Не е поради неверство. Тој се закануваше деќа ќе ја убие. Има докази, ако треба ќе ги викнам луѓето да сведочат. Се јави од затвор, рече спремајте се јас ќе направам такво дело, шо ќе се запамети„ изјави Џемиле Сала, мајка на убиената Емилија Пешева.

Инаку Емилија во љубовната вреска со Фадил Зејнелов трпела често насилство. Често тој од нејзе барал пари, за да оди во казино. Според изјавата на родителтие и на самата вечер кога тој ја убива Емилија, пред да се пријави во полициската таница, претходно отишоч и во казино.

Иван Митев, М-Нет