Ако на вага се стават трошоците за производство и цените на производите исплатливост нема, слаба побарувачката на пазарот во Облешево

Слаба поарувачка, раздвиженоста сведена на минимум, избор на производи на пазарот во Облешево има, ама не и купувачи за истите. Продавачите согласни дека денешната побарувачка е многу слаба, а цените на производите се исти како и претходниот вторник. Исплатливост нема согласни се продавачите ако на вага се стават трошоците за производство и цените на производите. Ама децидни се дека мора нешто да се работи.

„Слабо побарувачка, нема излезеност на потрошувачи, на муштерии. Не би речел дека цените се високи, кај нас нема ништо покачено од 1 Март. Производството е кочанско, цените за овој период од годината се добри. Ама не е исплатливо, ова производство на греење, на топла вода.“ – велат продавачите.

Скапо за купувачите и денеска. Примањата ниски, а за нив цените на пазарот високи. Иако избор имаше доволно, сепак можностите да се купи беа ограничени.

„Добро е , на пазарот има избор се. Ама мали пензии пари нема. Цените скапо е, према нашите

пензии скапо е.“ – велат купувачите,.

Овој период од годината најмногу се купуваше свежа салата, сезонско овошје, а се нудеше и текстил како и предмети за домаќинство.

Лаура Стојанова М-Нет