АДР сертификати се уште не се издаваат, Бочварски вели тендерската постапка е во тек

Возачите на товарни возила кои превезуваат опасни материи се уште ги немаат добиено своите АДР сертификати, истовремено дел од  нив не може ни да полагаат. Дполнително на ова возачите се соочуваат со проблем да останат без своето работно место, кое за дел од нив е единствениот извор за егзинстенција. Пред помалку од два месеци Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Штип побара трпеливост од граѓаните додавајќи дека се работи на изнаогање решение на овој проблем .

Два месеци по оваа изјава возачите на товарни возила се уште се лишени од можноста да ги добијат своите АДР сертификати. Денеска Бочварски исто од Штип кажа дека тендерската постапка се распишува деновиве.

„Тендерската постапка се распишува деновиве и ќе трае во роковите кои што се распишани со Закон. Јас имав средба со здруженијата на транспортерите изминатите денови, ние имаме и една измена на Закон која што ќе ја пуштиме во најскоро време во Собранието, на првата наредна Седница во Собранието очекуваме и да помине таа измена за да може паралелно да ги отклониме сите прашања кои што се отворија, но паралелно со тоа тече и изборот на нова компанија“ – додаде Бочварски.

Инаку возачите на товрани возила кои треба да поседуваат АДР сертификат последното известување за полаѓање и добивање ваков сертификат го добиле во месец април годинава преку смс порака, и од тогаш до денеска немаат никаква друга информација.

Лаура Стојанова М-Нет