Автомобил излетал на тротоар и удрил 74-годишна жена во Радовиш

На 19.09.2026 во 10:45 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на тротоар на ул. ,,22 Октомври“ во Радовиш, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(32) од с.Ињево, радовишко, удрило во 74-годишната С.Ц. од Радовиш. Во несреќата со повреди се здобила С.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.