
Штип утре ќе биде домаќин на уникатен џез концерт насловен како Пријателства преку музика, кој ќе ја збогати музичката сцена на градот. Настанот, организиран во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип, ќе започне во 20:00 часот. На истиот ќе бидат изведени популарни песни од светски хитови, а настапот ќе го обогатат гости од Норвешка. Под менторство на истакнатата музичарка Сисел Гурендал, младите талентирани музичари ќе ги презентираат своите способности на сцената во Штип. Илија Ќосевски, директор на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, во својата изјава истакна дека „Настанот претставува одлична можност за љубителите на џез музиката да уживаат во изведба на врвни уметници и да се запознаат со богатството на оваа музичка форма.
,,На 29 јуни во домот на културата Ацо Шопов во Штип, ќе се одржи џез концерт, кој е во соработка со ДМБУц Илија Николовски Луј Скопје и ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип, каде што ни доагаат гости од Норвешка, под менторство на Сисел Гурендал. Ќе се изведуваат популарни џез сандарди, популарна музика, со што ги поканува штипјани да дојдат да го проследат овој концерт во 20 часот.“, рече Ќосевски
Целта на оваа соработка е да се поттикнат учениците да ја презентираат музиката како во државата, така и надвор од неа, но и да се создадат повеќе пријателства, додава Ќосевски
Инаку настанто ќе се одржи во 20 часот во домот на културата во Штип, а организаторите топло ги канат сите граѓани.
Иван Митев, М-Нет