Ќе скокнат ли цените на производите по нивното „одмрзнување“ – штипјани и Битиќи со различен став

Во четврток се „одмрзнуваат“ цените на прехрамбените производи, на зеленчукот и овошјето. Со тоа се очекува цените да бидат нормални за џебот на граѓаните, и покрај тоа што истите нема да бидат очраничени да не се продаваат повисоко од една одредена цена. Дали со одмрзнувањето на цените истите драстично ќе се зголемат ги прашавме граѓаните на терен во Штип. Поголем дел од анкетираните се согласни дека зголемување на цените е логично да има, оти како што велат ретко се почитуваа и замрзнарите цени на производите. Додаваат дека кога мерката ќе заврши, ако има драстични промени во тој случај повторно Владата треба да настапи и да преземе мерки.

„Кој ве лаже дека ќе се одмрзнат цените, кај цените секој ден има промени. Мерката кој ја почитуваше, има ли некој кој ја почитуваше – никој. Може само да скокнат цените – према ова што го гледаме тука цените може само да се покачат. Сега кое време сме ние да плаќаме 100 денари за еден килограм краставици.“ – велат граѓаните на терен.

Од друга страна вицепремиерот Битиќи е оптимист и смета дека драстични промени во цените на производите нема да има. Додава дека кај зеленчукот е забележано намалување на цените за 40% и смета дека оваа мерка трева да престане да важи.

„Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат“ – истакна денеска Битиќи.

Владата ја замрзна цената на левот крајот на месец февруари оваа година на 33 денари, потоа се замрзнаа и цените на млекото, јајцата, оризот, за во месец април да се замрзне и цената на 11 видови овошје и зеленчук.

Лаура Стојанова М-Нет