Ќе има ли конечно Кочани, чист воздух и здрава животна средина?

Одржан вториот состанок на Одборот за здрав живот во Кочани со 18 здруженија со кои имаат потпишан меморандум за соработка. Сите овие здруженија се со единствена цел, граѓаните во Кочани да имаат здрав живот, чиста животна средина и чист воздух за дишење.

Еден од најголемите загадувачи во Кочани, фабриката „Пејпер мил“ одредено време е затворена, односно не работи. На чекор до нејзиното рестартирање и повторно пуштање во работа, здруженијата имаат одредени барања до истата со цел да има чист воздух во Кочани.

Исто така граѓаните на Општина Кочани не се согласни со изградба на мини хидроцентрала на мала река на браната „Градче“. Многу можности за неизградба на истата нема, но се бараат алтернативни решенија.

Посебни барања ќе бидат упатени и кон општината, посебно во делот на регирањето на инспекторите на сите аномалии кои се појавуваат кај граѓаните. Со фрлање на отпад, загадување на реките, правење на диви депонии се загадува животната средина. Одборот за здрав живот во Кочани со тенденција да се прават посебни барања за секој од проблемите, со цел нивно решавање и зачувување на здравата животна средина и чист воздух во Кочани. Решение ќе се бара и за палењето на стрништата во кочанско бидејќи дополнително се загадува и воздухот и почвата.

Лаура Стојанова М-Нет