Љупчо Папазов е новиот претседател на Советот за социјална заштита на општините од ИПР

Градначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов е првиот претседателн на новоформираниот советот за социјална заштита на оптшините од Источно планскиот регион. Денешната конститутивна седница беше свикана од градоначалникот на најголемата општина во истокот, Иван Јорданов. Советот ќе работи за подобрување на социјалната улуга на сите општини, а голема одговорост и мотив за работа претставува и за Папазов.Мандатот е една година без право за реизбор.

„Ќе се потрудиме иако има тежина на политичко тело и ќе работи еднаш до двапати во текот на годината, сите како градоначалници и директори на центрите за социјална работа во општините ќе имаме конструктивна соработка. Ќе се потрудиме рамномерно и еднакво да ги застапуваме своите општини да ги распределеме приоритетите, пректите кои сметаме дека треба да аплицираме за своите општини“ – кажа Папазов.

Со фактот дека се повеќе населението е постаро во државата потребно е да се отвораат и нови старечки домови за грижа и нега на повозрасното население. Финансиски средства има, недостасуваат само доволно добро направени проекти.

Со Буџет добиен од државата во износ од 50 милиони денари со можност за дополнителни 6 ипол милиони денари во наредните 12 месеци ќе се спорведат доста значајни проекти во сите општини од Истокот.

„Ќе се започне сега од јануари од страна на центарот за развој на ИПР со изградба на втора и завршна фаза на градскиот пазар во Делчево, осветлување на дел од магистралниот пат, влез и излез во Македонска Каменица, реконструкција на пристапен пат до Беровско езеро, завршување на колекторот во село Лесново. Дополнително ќе се прават смарт и авантуристички паркови, партнерно уредување, Дом на млади во Општина Штип и дел од градскиот парк во Општина Кочани“ – додаде Ангелова.

Денеска, по конститутивната седница се одржа и втората седница на Советот за развој на ИПР, со што на дневен ред се најде и точката за донесување порграма за работа на Советот. Овој акционен план предвидува реалзиациај на проекти започнати 2021 година кои се уште не се во завршна фаза.

Лаура Стојанова М-Нет