Јунците на сточарите од делчевско веќе два месеца стојат во шталите непродадени, вината тие ја гледаат во увозот

Јунците на сточарите од делчевско речиси два месеца стојат во шталите непродадени, бидејки нема кој да ги купи. Марјан Стојовск, еден од нив, вели дека по проблемите со млекото, сега целосно запрел и откупот на јунци и телиња, па секој нов ден за нив носи нови трошоци и давачки. Додека домашното месо нема кој да го купи, тие тврдат дека пазарот е преплавен со евтино увозно месо. Ако наскоро не се најде решение, Марјан е дециден дека многу сточари ќе бидат принудени да се откажат од оваа работа. И самиот тој вели дека нема решение и дека единствено нешто што му доага на ум е да продаде се што има.

,,Наидуваме на голем проблем со откупот на јунци, исто испадна проблемот на јунци исто како и со млекото. Имам околу 30 јунци некаде од 300 до 550 кг. Во последните месец-два, нема никаква побарувачка со јунците и со телињата. Не знам влајда како што го увезуваат млекото, така и со телињата се внесува јунешко месо по многу поволни цени, а за нашата роба нема никаков интерес. Сите си купуват повеќето увозно месо, отколку наешто, не им се плаќало да го зимаат. Тие сите ја гледаат поголеам заработувачка, за поевтина пара имам информација дека за багателна цена се внесува јунешко месо. Не само јас, сите што одгледуваме стока, сите имаме проблем, откуп скору два месеци нема. Доагаа луге од Албанија, се га наводно качена била царината за извос на јунци.“, рече Стојовски

Марјан вели дека вака повеќе нема да се издржи, но сепак малку надеж гледа со промените во министерството за земјоделие. Вели дека ќе очекуваат малку поддрка.

,,Не знам ни јас самиот не знам. Со млекото имавме проблем, сега пак со јунци, давачки многу, последната енергија на трошиме за работа. Дефинитивно ропагаме, во секое време ми иде само да се најде некој купец и за крави и за телиња, скрос се за откачам доста е.“, додава Стојовски

Инаку, ситуацијата останува да се види дали ќе се реши во следниот период, доколку нема решение и спас, Марјан е решен целосно да престане да се знаимава со оваа гранка.

Иван Митев, М-Нет