Јаневска: Веќе трета година по ред учебниците не претставуваат проблем во оваа држава и се редовно доставувани

„Веќе трета година по ред учебниците не претставуваат проблем во државата и редовно се доставуваат пред почетокот на учебната година“, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа посочи дека учебниците за учениците од прво до трето одделение веќе се испорачани во текот на април и мај, а од идната недела започнува дистрибуцијата на учебниците за сите одделенија од основното образование. Според Јаневска, досега се доставени околу 250.000 примероци, а вкупниот број на учебници што ќе бидат испорачани достигнува 1,5 милиони.

„Веќе трета година по ред учебниците не претставувааат проблем во оваа држава и се редовно доставувании до први септември кога почнува училишната година. Оваа година имаме испорака на учебници од 1 до 3 одделение во април и мај месец, а од идната недела почнува доставата на учебници од 1 до 9 одделение. Од прво до третто одделение се испорачани околу 250 000 парчиња, севкупно учебници ќе бидат испорачани 1,5 милиони. Она што треба да нагласиме е дека обновен е целиот фонд на учебници од 1 до 8 и 1 и 2 клас гимназија. Остануваат да се доработат како нови учебници следнаата година учебниците за 9 одделение у учебниците за 3 клас гимназија бидејќи постапно секоја година добавуваме нови наставни програми и нови учебници.“- Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека пред една деценија државата зборувала за „компјутер за секое дете“, додека денес како успех се смета навременото обезбедување на учебници за учениците.

„Јас би додал само дека можеби сето ова треба да претставува нормална работа, иако пред 10, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме навремено за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма која што седум години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала, јас сум свесен дека има граѓани на кои што трпението им е при крај и важно е ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите доведат онаму каде што им е местото.“- Христијан Мицкоски, премиер

Директорот на Педагошката служба Роберт Аџипетров истакна дека со новиот Закон за учебници е надминат недостигот на учебници во образовниот систем. Според него, воведени се потранспарентни процедури за нивно одобрување и утврдување на цените, со што се напуштаат практиките од минатото кои како што вели тој цените се утврдувале зад затворени врати.

„Она кое што сакам посебно да го истакнам е дека периодот по донесување на новиот закон за учебници донсесени се вкупно 48 одлуки за одобрување на учебниците во основно образование и средно образование како и 22 одлуки за одобрување за одобрување на учебници по странски јазици со што се надмина оној гап кој што го имавме во државата, имаме недостаток на обие учебници. Дополнително би кажал во однос на процедурата дека нашата држава сега има база на рецезенти во која што членуваат преку 800 универзитетски професори како и наставници од основно и средно образование, а утврдена е и формула за пресметка за цена на учебниците што се надмина онаа пракса во минатото со што се надмина онаа пракса во минатото кога цените се утврдуваа зад затворени врати и кога цените практично беа договарани во четири очи.“- Роберт Аџипетров, дирекотор на Педагошката служба

Како што истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, досега се испорачани околу 250.000 учебници, а до почетокот на учебната година ќе бидат дистрибуирани вкупно 1,5 милиони примероци. Таа најави дека во 2027 година ќе бидат изработени и новите учебници за деветто одделение и трета година гимназија.

Дајана Сандева, М-Нет