Ѓоре Јовановски повеќе не е тренер на Вардарски, клубот од Богданци ќе има дури трет тренер!

Екипата на Вардарски која е на дното од табелата во Втората лига остана без тренер, откако Ѓоре Јовановски си замина од клубот.

„Фенерџијата“ од Богданци има само два бодови на своето конто и е единствен второлигаш кој нема триумф во Втората лига.

Вардарски сезоната ја започна со Васе Беќаров, кој замина и на негово место дојде Ѓоре Јовановски, но искусниот стратег не успеа да го извлече клубот од резултатскта криза, па на едно коло до крајот во есенската полусезона во Втора лига, клубот остана без тренер.

Во пролетниот дел клубот ќе има тешка задача за опстанок, а ќе треба да бара и нов тренер, кој би бил трет. Вардарски утре во Богданци го пречекува Осогово во дуел од долниот дел на табелата.

Александар Ванев, М-Нет