
Штипјанката Викторија Варадинова освои бронзен медал на Европското првенство во кикбокс кое се одржуваше во Скопје.
За Варадинова ова е голем успех кој доаѓа по една година и шест месеци пауза, по тешка повреда и сериозна операција на рамото, но таа се врати во рингот и освои трето место на Европското првенство.
Како што вели Варадинова, успеала да стигне до полуфиналето, каде што, за жал, повторно се соочила со повреда на истото рамо на кое била извршена операцијата. Варадинова дополнува дека можеби не е медалот за кој сонувала, можеби не е резултатот што го посакувала, но за нејзе како што вели има тежина на злато.
Варадинова се заблагодари на нејзиниот тренер Шенол Асанов, како и до селекторот Дејан Митровски Урко за поддршка и вербата во нејзините можности на оваа Европско првенство.
Варадинова носи нов голем успех за спортот во градот под Исарот, бронзен медал од Европско првенство.
Александар Ванев, М-Нет