Штипјанецот Методи Георгиев на Меѓународен пливачки митинг во Грција

Пливач Методи Георгиев од пливачкиот клуб Челични од Штип од овој викенд ќе настапи на јубилејниот 40-ти Меѓународен пливачки митинг „Ниовеиа“ во Солун, Грција.

На турнирот ќе учествуваат повеќе од 700 пливачки од Полска, Косово, Грција и Македонија.

Георгиев на овој меѓународен спортски настан во соседна Грција ќе настапи во дисциплините слободно и делфин.

Александар Ванев, М-Нет