Штип УГД во понеделник во салата „Јордан Мијалков“ го пречекува Работнички во дерби на колото, одбојкарите повикуваат на поддршка од трибините!

ФОТО: Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип

Одбојкаркиот клуб Штип УГД во понеделник на домашен терен ќе се соочи со Работнички во дербито на 3. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига.

Штипјани се максимално подготвени и мотивирани за овој меч, со оглед на тоа што во претходното коло славеа над шампионот Струмица и тоа на гостински терен.

Ракометарите повикуваат на поддршка од штиската јавност и навивачите за мечот со Работнички, кој се игра во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, со почеток од 17:30 часот. Овој меч им е важен на штипски одбојкари, затоа поддршката од трибината како и домашниот терен ќе бидат предност за да може Штип УГД да забележи уште една голема победа, со оглед на тоа што штипскиот клуб ќе атакува на двојната титула.

Во рамки на ова рунда екипата на Борец на домашен терне ќе игра со Струмица, Шкендија против Универзитет Тетово, Македонија Џио ќе го пречека Вардар, екипата на Скопје против Јанта Волеј, а пак Сушево против екипата на Весна Пробиштип.

Александар Ванев, М-Нет