Штип со 4 новозаболени и 18 оздравени од КОВИД 19

Од 1529 тестирања направени во последните 24 часа, регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. На прво место се` уште Скопје со 39, а Куманово на второ место со 10 новозаболени. Потоа, следува Прилеп со осум, Штип со четири позитивни на КОВИД тестот, по што следуваат Струга и Берово со три, по двајца новозаболени има во Гостивар, Делчево и Кичево, a по едно новозаболено лице има во Дебар, Тетово, Битола, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Пехчево и Валандово.

Починати се седум лица, повторно во болнички услови, а 215 оздравени се регистрирани од страна на Институтот за јавно здравје.

Според информација од Министерството за здравство, од досега направените 143.687 тестирања на КОВИД 19, бројката на заболени изнесува 14004, оздравени се 10722, а бројот на активни случаи во моментот изнесува 2697.

Од почетокот на пандемијата досега во нашата држава починале 585 лица.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк