Штип за првпат домаќин на пеливански борби – „Трофеј Штип“ со голем интерес, масовна посетеност и успешна организација, ќе прераснува во традиција!

ФОТО: М Нет телевизија

Успешно заврши првото издание на Меѓународниот турнир во пеливанско борење „Трофеј Штип“, а на кој учествуваа големи број на натпреварувачи, каде имаше голема посетеност и интерес да се проследи еден ваков турнир и нешто ново во Штип кое за првпат се одржа.

ИЗЈАВА 030_1681 Дејан Митров, организатор на „Трофеј Штип“, 00:30 (најпрво дозволете ми) до 01:21 (на овој турнир)

„Најпрво дозволете ми да се заблагодарам на сите кои дадоа свои придонес за да се одржи пеливанското борење „Трофеј Штип“. Јас лично сум задоволен колкав интерес и колка број на луѓе имаше на овој спектакл. Едно ќе кажам, дефинитивно „Трофеј Штип“ прераснува во традиционален меѓународен турнир во пеливанско борење. Самата масовност, самата публика едногласно решивме сите заедно дека Штип заслужува да има ваков настан што ќе ги собере илјадници луѓе собрани од сите градови на државата, па и надвор од државата, се со цел да уживаме во гладијаторските борби кои ги прикажаа пеливаните на овој турнир“, вели Дејан Митров за М Нет.

Публиката уживаше во борбите на натпреварувачи, интересот беше голем, а натпреварувачите задоволни од самата организација и од големата посетеност и поддршката од публиката.

„Морам да признаам дека психички и физички сум исцрпен, покрај организацијата и земав учество во натпреварот. Честитки од првопласираните, во петта категорија победник беше Стефан Стојков од Штип, кој исто така прикажа одлични борби. Во четврта категорија Реџеп Таири од Скопје, во трета категорија победик Јетмир Бетиџи од Скопје, во втора категорија победник Дејан Митров и во прва категорија победник Реџеп Ајдари“, истакна Митров за М Нет.

Овој вид на спорт е близок до борење слободен стил, штипјани, но и сите кои од цела Македонија допатуват да го следат овој турнир имаа можност да се запознаат со пеливанството, а интересот за овој спорт во градот под Исарот е се поголем.

„Како за првпат организиран ваков настан сум задоволен ги анулираме сега аномалиите кои ги има. Имаше некои мали пропусти околу безбедноста протоколот на наградувањето, но се тоа се ситници кои во иднина ќе ги анулираме и јас едно ќе ви гарантирам во следните години, „Трофеј Штип“ ќе биде многу помасовен и многу подобро организиран отколку првата организација“, додава Митров.

Митров за М Нет телевизија открива како овој турнир го добива името „Трофеј Штип“.

„Тоа го одлучивме со организацискиот одбор „Трофеј Штип“ го крстивме бидејќи тешко се освојува Штип, затоа го дадовме името „Трофеј Штип“ бидејќи тој што ќе го освои првото место во својата категорија му даваме епитет дека го освоил Штип“, заврши Митров.

Одлична организација, задоволна публика и натпреварувачи, Штип доби и виде нешто ново кога е во прашање овој вид на спорт, а Дејан Митров истакна дека во иднина „Трофеј Штип“ оди на повисоко ниво и ќе прерасне во традиција.

Александар Ванев, М-Нет