Штип доби нова фудбалска школа – ФК Шампиони во сабота со првиот тренинг ќе означи официјален старт, ќе се работи и со најмалите дечиња!

Штип доби нова фудбалска школа се работи за фудбалскиот клуб Шампиони, кој во сабота со првиот тренинг ќе означи официјален почеток на работата. Клубот ќе работи и со најмалите дечиња од шест годишна возраст, а за новата сезона ќе земе учество во Детската лига на ФФМ, како и во категории пионери и помлади пионери.

„Под покровителство на претседателот Александар Јанев и потпретседателот Антон Маџов фудбалската академија Шампиони од Штип на сите дечиња кои се од нашата школа или ќе станат нови членови на нашата школа, добиваат бесплатни два комплетна за тренинг, еден комплетен бесплатен за тренинг натпревар. Има и многу други поволности кој овој клуб секогаш ќе се грижи за дечињата. Само, нивно е на родителите да го запишат нивното дете. Останатото е на управа на клубот, на тимот кој се организатори на оваа академија. Фудбалската школа ги поседува сите основни реквизити. Од стручниот дел нашата фудбалска школа ФК Шампиони од Штип, ги поседува сите стандарди за развој, создавање на младите фудбалери кои ќе имаме цел и визија за работа со младите категории. Основи цели ќе бидат специфичните вежби во насока на фудбалската игра, а тоа ќе се состои од игра од забавен карактер во најмалите категории, потсистеми на координација, координација, технички вежби во услови на тренинг и тактички вежби во услови на натпревар“, вели тренерот Николов за М Нет телевизија.

Новата фудбалска школа ќе работи на два терени од отворен каратер и на два терени од затворен карактер.

„Ќе имаме четири региони за тренинг. Двата региони се од отворен карактер, двата региони се од затворен карактер. Двата региони ќе бидат медицинското училиште и салата на ООУ „Ванчо Прке“, а од отворен карактер ќе ни бидат игралиштето на Бело Брдо и игралиштето во Дузлак“, додава Николов.

Клубот врши усписи на млади фудбалери, а исто така во клубот може да тренираат и девојчиња. Николов е искусен долгогодишен тренер во младинските екипи кој предводеше голем број на фудбалери кои настапуваат за домашни и странски клубови. Николов поседува УЕФА „А“ лиценца.

„Од сабота со почеток од 12 часот ќе почнеме со првиот тренинг на игралиштето во населба Дузлак. Ги повикувам сите родители, доколку сакаат да бидат да бидат стручно обучени нивните фудбалери да дојдат кај нас во нашата фудбалска школа и за неколку години да бидат фудбалери што ќе играат дали за Брегалница или во поголеми клубови“, ни изјави Николов.

Со оваа Штип добива уште еден младинска школа која ќе биде расадник на фудбалски таленти, а од каде се отвара можност младите фудбалери правилно да се развиваат и да напредуваат во градењето на кариерата. Тренерот Ѓоше Николов е татко на познатиот штипски фудбалер Иван Николов, кој настапува во шампионатот на Данска и кој е репрезентативец на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет