Историски момент – Штип го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето. Како што истакна в.д. директорот, Трајче Здравков, во моментов се работи на нормален и едноставен процес на приспособување на системот, а соопштението да не се пие водата е само од претпазливост.
Истовремено ЈП „Исар“ ги приложи и резултатите од испитувањето на водата, а директорот на ЈП ХС Злетовица истакна дека ова било очекувано и на приспособувањето работат петмина инженери од Словенија.
Според градоначалникот Јорданов, ова е само нормална процедура, а не проблем и неисправност, што како шпекулација се пласира во јавноста. Тој повика на трпеливост за решавање на долгогодишниот проблем на штипјани.
Решението од Агенцијата за храна и ветеринарство се очекува да се добие деновиве, по што од ЈП „Исар“ ќе известат дека водата може да се користи.
Ребека Спасова М-Нет