Штип во пикот на грипот, за само една недела бројот поголем за 16 проценти

Штип во пикот на грипот, за само една недела бројот поголем за 16 проценти . Во третата недела од 2026 година регистрирани се 110 случаи на грип и заболувања слични на грип. Најпогодени се лицата на возраст од 15 до 64 години, но раст на случаи се бележи и кај децата. Од почетокот на сезоната заклучно со јануари евидентирани се вкупно 377 заболени. Од центарот за јавно здравје Штип предупредуваат дека вирусот е во фаза на висока сезонска активност и апелираат на внимателност.

,,Во 3-тата недела од 2026 година, во општина Штип пријавени се 110 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 85 лица се на возраст од 15-64 години, 12 лицa се кај деца на возраст од 5-14 години, 8 случаеви и во возрасната група од 0-4 години и 2 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години. Бројот на пријавени случаи на грип и болести слични на грип оваа недела бележи зголемување за 16% во однос на претходната недела (2-тата недела од 2026 година).“, велат од центарот за јавно здравје Штип

Како што појаснуваат од таму, уште од почетокот на сезоната, најголем број заболени е забележан исто во возрасната група од 15 до 64 години

,, Почнувајќи од 40 недела, заклучно со 3 недела од 2026 година, во општина Штип пријавени се вкупно 377 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, во возрасната група од 0-4 години пријавени се 19 лица, на возраст од 5-14 години пријавени се 56 лица, на возраст од 15-64 години пријавени се 275 лица и во возрасната група над 65 години пријавени се 27 заболени лица.“, велат од центарот за јавно здравје Штип

Согласно овие податоци, од Центар за јавно здравје информираат дека во општина Штип, бројот на заболени од грип/ состојби слични на грип е на ниво на висока сезонска активност на вирусот. Во однос на неделно ниво забележуале зголемување на процентот на регистрианите случаеви на грип и болести слични на грип од претходната недела за цели 16%.

Иван Митев, М-Нет