Пандемијата со корона вирусот зафати многу професии кои ги стави во мирување. Откажани многу настани и манифестации, а самата ситуација влијае и врз дел од угостителите, музичарите и бендовите. Во музичката индустрија настапите во живо музичарите кои цел живот вежбале и се надградувале денес, се жртви на пандемијата. Некои од нив се со поделени предвидувања околу нивната професија и со надеж дека ќе се изборат со оваа криза.
Пандемијата може да остави трајни белези затоа со реакции и остварување на средби барање помош но, кога ќе се добие конкретниот одговор? Денес, здружени со надеж и со несогласувања во врска со преземаните мерки е нивниот протест во Скопје.
Зоран Филев е член од музичкиот бенд „Нели ти реков“ кој исто како и останатите музичари е затегнат од оваа ситуација. Голем број од неговите колеги живеале само од музиката и својата егзистенција ја чекале токму од музиката. Свесни дека во државата постојат повеќе бранши покрај музиката но, потребно е да има здружение кое навистина ќе функционира како што треба. За нас музичарите ова ни е добар шамар за да се освестиме и во иднина да не ги трпиме овие последици од целата оваа ситуација. Вели, Филев
На прашањето колку се штетите со кои се соочени од оваа ситуација?
„Штетите не можеме да ги измериме никој неможе точна бројка да каже, а имаше колеги кои што старно има многу работа а и од музиката егзистираа“.
Зошто не се согласуваат со дадените мерки и што очекуваат од денешниот протес?
„Ние сме како и многу други бранши во државата, а морам да кажам дека сме
малку неорганизирани, а во државата ни фали едно здраво здружение во кое ќе бидат опфатени сите колеги во оваа бранша“.