Школата за дигитални вештини „Меркат“ ја отвора четвртата сезона, дечињата имаат нови можности, ќе се отвори и во Скопје

Школата за дигитални вештини „Меркат“ ја отвора четвртата сезона со нови можности за учење, креирање и развивање на талентите кај децата и младите.
Графички дизајн, програмирање, гејминг, а од годинава и 3Д дизајн и 3Д печатење.
На отворениот ден, идните ученици имаа можност да се запознаат со програмите и професорите.
Интересот расте, а со него и желбата на најмладите да создаваат и творат со технологијата.

,,Денеска имаме отворен ден во Меркат, школата за дигитални вештини за деца и млади, каде што сите оние кои што досега се пријавија за да биддат дел на курсевите, ќе имаат од прилика да се запознаат со професорите, со програмата, со тоа што и како ќе се работи, во кој услови, едноставно еден претпочеток на новата сезона. Интерес има затоа што ова ни е четврта сезона почнувајки од првата година до сега, бројот постојано се зголемува. Пред се програмите се анменети како пто реков за деца и млади. Најмалата возраст е некаде шест години, па се до крајна средна школа, 17,18 години. Денес ќе имаат прилика да се запознаат со комплетната програма која им ја нудиме, тоа се курсеви за графички дизајн, ќе имаат прилика да се зпоазнаат со програмата фотошоп илустратор. Имам геминг програма. Нов курс кој го воведуваме од оваа година е 3 де дизјанот и 3 де принтањето.“, вели Иванов

Само желба и креативност се потребни за да се биде дел од оваа школа, вели Иванов. Оние дечиња што се склони кон компјутерите одат во правецот на програмирање, а оние кои што се повеќе заинтересирани за цртање или музика, одат во правец на графички дизајн.

,,Потребно е децата да имаат ние велиме два аспекти, креативност и желба за работа со технологија. Децата што се насклонети према комјутерите одат во правецот на програмирање, додека децата што се склони на цртање или музика одат во правец на графички дизајн. Дел од програмата се после 18 часот, додека другите пред и по училишните часови.“, додава Иванов

После три цели сезони, следна недела Меркат школата ќе биде отворена и во главниот град Скопје. И овде сите заинтересирани ќе можат да се пријават.

Од најмала возраст до средношколски години, „Меркат“ им нуди на децата простор да учат, создаваат и ги развиваат своите дигитални вештини.

Иван Митев, М-Нет