Шкендија загуби во судиското надополнување, Хибернијан во Скопје доаѓа со минимална предност

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот вицешампион Шкендија со пораз се враќа од Единбург, откако загуби од Хибер ни јан во самиот финиш од мечот, со резултат од 2:1 во првиот меч од третото коло на Конференциската лига на УЕФА.

Шкотскиот состав до победата дојде во судиското продолжение, со што тетовскиот тим сега на реваншот во Скопје ќе бара победа која би можела тимот да го однесе до последната пречка за пласман во групната фаза.

Тимот на Артим Положани одигра дисциплиниран и тактички зрел натпревар, особено во првиот дел кога домаќинот не успеваше да постигна гол. По чистите мрежи во првиот дел во второто полувреме во 73. минута Елдинг постигна гол за водство од 1:0.

Сепак, радоста на Хибернијан не траеше долг, Марко Ѓорѓиевски постигна гол за 1:1 и со тоа се врати неизвесноста. Но, во судиското надополнување по изведен корнер топката во целата таа мешаница во шеснаесетникот стигна до О’Хора кој од непосредна близина биеше за конечни 2:1.

Шкендија останува со реални шанси за пласман во плеј-офот, минималната негатива од 2:1 може да биде надополнета на реваншот во Скопје, а победникот од овој дуел ќе оди на мегдан од подобриот меѓу Гетеборг и Гент.

Александар Ванев, М-Нет