Шкендија Арачиново се раздели со тренерот Еркан Мурсели

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново објави дека се разделува со тренерот Еркан Мурсели по период од една и пол година заедничка работа.

Мурсели ја водеше екипата на Шкендија Арачиново најпрво до шампионскиот пехар во Трета лига – Север низ доминантна сезона со 23 победи, едно реми и два порази, а притоа имаше и 111 погодоци и 9 примени гола односно најефикасен напад и најдобра одбрана.

Шкендија Арачиново под водство на Мурсели обезбеди и враќање во Втората македонска фудбалска лига после долги години.

Од клубот му се заблагодарија на тренерот Мурсели за придонесот и посветеноста што ја покажа во изминатиот период и му посакааа многу успеси во неговите идни професионални предизвици.

Шкендија Арачиново во бараж со 2:1 славеше над второлигашот Осогово и така обезбеди влез во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет