Шкендија Арачиново доминантна во дербито со подмладениот Куманово, Еуромилк ГЛ и БВК Коњаре запишаа победи

Наместо дерби тотална доминација на Шкендија Арачиново против Куманово, која славеше со убедливи 6:0, во рамки на 3. коло во Трета лига – Север. Резултат можеби и очекуван, со оглед на тоа дека Шкендија располага со далеку поквалитетен тим против Куманово кој е доста подмладен и игра со свои играчи на кои повеќе од јасно е дека им треба многу натпревари и време за да играат на повисоко ниво како вчерашниот меч.

Бујар Иљази беше двоен стрелец, гол постигна и Десниќ против својот поранешен клуб но во знак на почит истиот погодок не го прослави, Алити исто така стрелаше за Шкендија, а Ергин Шерифи си постигна два автогола.

За Шкендија Арачиново сериозен противник за првото место ќе биде некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, кој пак во рамки на третото коло со 2:4 славеше над Њу Старс.

Шкендија Арачиново нема примен погодок во новата сезона во Трета лига – Север, а гол не прими ниту во Купот каде го исфрли Работнички со 2:0.

Шкендија во рамки на 6. коло ќе се соочи со Еуромилк, а до пред тој клучен меч ги очекува други натпревари каде Шкендија оди на три бодови.

Ржаничино на домашен терен одигра 1:1 со Фортуна, Аеродром беше подобар од Кадино со 2:1, Беса Влазрими со 3:1 славеше над Башкими Љуботен, Академија Илинден со 1:0 го доби тимот на Риниа, а БВК Коњаре со 2:1 славеше над новиот третолигаш Пчиња.



Александар Ванев, М-Нет