
Шестото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе биде комплетирано утре со еден меч кој се игра Струмица, а каде Брера ќе се соочи со Шкупи.
Струмичани ќе ја имаат улогата на фаворити на овој натпревар за продолжување на победничката низа против тимот од Чаир, кој ја продолжува серијата порази од минатата сезона. Шкупи има пет порази од толку натпревари и се наоѓа на дното од табелата без ниту еден еден освоен бод.
Шкупи ќе се обиде да изненади во Струмица и конечно да се израдува на триумф, бидејќи навивачите долго време чекаат на позитивен резултат на нивниот миленик.
Натпреварот ќе започне во 15:45 часот.
Александар Ванев, М-Нет