„Чиста животна средина во Штип“ е денешниот ветен проект од програмата на ВМРО – ДПМНЕ

„Чиста животна средина“ е мотото на новиот проект од програмата на ВМРО – ДПМНЕ за кој денес се обврзаа пред граѓаните. Носителот на советничката листа, Владко Захариев, го посочи она што ќе го преземат во таа полза, а ќе придонесе за квалитетот на живеење.

„Нашата програма за наредните четири години гарантира обезбедување финансиски средства за изградба на колекторски систем пречистителна станица за отпадни води, промена на 60 години старата водоводна и канализациона мрежа во о. Штип, како и изградба нови секундарни линии, модерен оддел за селекција на отпад во склоп на градската депонија и опрема за складирање отпад по месните заедници, мерни станици за мерење на квалитетот на воздух во реално време, бесплатно одлагање на градежен отпад од мал обем со цел намалување на бројот на диви депонии, поставување на подземни контејнери кај големите маркети и промена на општата перцепција на овие локации“, истакна Захариев.

Захариев потенцираше дека проектов го предвидува нивната „нова иднина“ за Штип, а е пристап за здрави граѓани и благосостојба.

Ребека Спасова МНет