
Сообраќајна несреќа вчеравечер се случи на патот А3 Кочани – Штип, кај кочанското село Тркање. Несреќата се случила во 17:40 часот, а во истата учестувале три возила, ,,пежо” со штипски регистарски ознаки управувано од 47-годишно лице, ,,цитроен” со кочански регистерски ознаки управувано од 43-годишно лице и ,,сеат леон” со скопски регистерски ознаки управувано од 35-годишна кратовчанка.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот на возилата ,,пежо” и ,,цитроен”.
Ребека Спасова МНет