Четири екипи загрозени за опстанок во Прва лига, Брера Струмица која е на дното го промени тренерот – Панче Стојанов пред тешка мисија!

ФОТО: ФК АП Брера Струмица | ФК Беса

Уште седум кола до крајот во македонскиот шампион, 21 бод во игра, а на 18 мај ќе биде прогласен шампионот на Македонија, тогаш ќе бидат познати и двете екипи кои директно ќе испаднат во Втората лига, како и екипата која ќе игра бараж за можен опстанок.

Брера Струмица за првпат е на дното од табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако нанижа три порази во низа, а на последните пет меча има четири порази и само едно реми или освоен само еден бод од можни 15 тимот го презеде „фенерот“.

Од таа причина се случи и тренерска промена во Струмица, Тони Атанасов си поднесе оставка поради серијата лоши резултати, всушност тој не успеа да забележи ниту еден триумф во шампионатот, а на негово место доаѓа Панче Стојанов, кој ќе има навистина тежок предизвик да избори опстанок во елитата.

Во трката за опстанок покрај Брера Струмица е и Воска Спорт, Тиквеш и Беса. Овие екипи ќе водат тешка и незвесна борба со цел да 18 мај да го потврдат опстанокот во Првата лига.

Брера Струмица е на дното со 21 бод, по 22 бодови имаат Воска Спорт и Тиквеш кој во бараж зоната, додека пак Беса е на деветтото место со 24 бодови или во зоната за директен опстанок.

Како што е познато последните две екипи испаѓаат директно во Втора лига, а пак екипата која ќе заврши на десетото место ќе игра бараж за можен опстанок во Прва лига со екипата која ќе заврши на третото место во Втората лига.

Вардар кој на последните пет меча има три победи и две ремија влезе во одлична победничка серија и има 28 бодови со што најтрофејниот македонски клуб е пред сигурен и директен опстанок.

Александар Ванев, М-Нет