
Четворица од повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Р.Бугарија, денес ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четворицата се во добра здравствена состојба со што им се дадени понатамошни наски за нивно домашно лекување. Според последните информации на социјалните мрежи, возраста на лицата е од 15 до 31 година, а сите периодично ќе се враќаат во болницата во Софија, доколку им е потребна дополнителна лекарска помош. Особена благодарност до лекарите, но и крводарителите и хуманите луѓе упатуваат родителите на настраданите, посакувајќи и останатите повредени кои се хоспитализирани брзо да закрепнат.
Во пожарот во март што избувна во објект за забава во Кочани, околу 200 лица беа повредени, а 61 лице загина. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени.
Иван Митев, М-Нет