Цигарите и пијалоците одат како алва – прометот во продавниците скокнал дури за 15.9%

Цигарите и пијалоците одат како алва – прометот во продавниците скокнал дури за 15.9% во однос на лани, соопштуваат од државниот завод за статистика. Како што наведуваат, во октомври оваа година во одност на истиот месец од претходната 2024 година стапката на прометот е зголемена за 7,3 проценти. Потенцираат дека покрај што стапката на прометот е забележано во групите пијалоци, тутун, има и во групата храна и тоа за 15,9 проценти, но како што велат реално за 7,3 проценти.

,,Во трговијата на мало во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 15.9 %, а реално за 7.3 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 2.2 %, а реално опаѓа за 1.9 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.9 %, а реално за 2.6 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 4.3 %, а номинално за 2.9 %.“, стои во соопштението на државниот завод за статистика

Како што посочуваат и понатаму во нивните соопштенија, главните поенти се однесуваат на растот на прометот особено на пијалоците, тутунот и храната од една страна, како и на горива од друга страна.

Иван Митев, М-Нет