
Температури околу 40 степен, а поголем дел од граѓаните во Штип велат нема чешма каде може да се разладат и да се напијат вода. Ваквата ситуација се провлекува со години наназад, чешмите се поставени ама не се во фукција – децидни се поголем дел од анкетираните штипјани. Во централното градско подрачје треба да има повеќе функционални чешми согласни се граѓаните.
„Чешми има ама вода нема. Добро е што треба да има вода, ама ние сме безобразен народот одма уништуваме. На овие горештини треба вода.Порано имаше повеќе чешми ама сега веќе нема“ – велат граѓаните.
Од ЈП Исар велат дека во изминатиот период работеле на терен и поголем дел од чешмите се ставени во фукција.
„Под надлежност на ЈП Исар се 15 чешми на територија на Штип. Поголем дел од нив се активирани, односно работат. Функционални чешми има на плоштадот Слобода, кај Домот за култура, кај гимназијата, основното училиште Ванчо Прќе, кај зграда Пролет, две во населба Сењак, на новото игралиште во населба Пребег, во населбите Баби, Дузлак, кај црквата Свети Спас, како и на градскиот пазар во Штип.“ – потенцираа од ЈП Исар.

Сите овие чешми се приклучени на градскиот водоводен систем што значи дека водата е безбедна за пиење. Постојано се прават испитувања, потенцираат од претпријатието. За чешмите кои не се во функција велат дека во наредниот период ќе се работи на овие чешми за да може и тие во овие топли денови да проработат.
Лаура Стојанова М-Нет