Фудбал Старс од Кочани со тешко гостување кај Балкан, Овче Поле гостува во Прилеп, Кратово оди кај дебитантот

Со три средби утре ќе биде отворено 5. коло во Втората футсал лига на Македонија. Овче Поле од Свети Николе ќе гостува во Прилеп каде од 15 часот ќе започне средбата со Победа.

Домаќинот по први бодови, гостинот по втора сезонска радост.

Во 19 часот дебитантот Шутка 1 ќе го пречека Кратово, меч каде гостинот ќе се обиде да дојде до првите бодови, а домаќинот до втора победа.

Половина час подоцна ќе се игра дербито меѓу непоразените Каршиака и Црна Река. Победничката низа ќе биде прекината, останува прашањето дали на домаќинот или на гостинот од Кавадарци.

Колото се затвара во недела со дуелот меѓу ланскиот прволигаш Балкан и Фудбал Старс од Кочани, кој започнува во 20 часот, а домашниот тим има фаворитска улога.

Во рамките на петтата рунда слободна ќе биде екипата на Мал Ајакс од Штип.

Александар Ванев, М-Нет