Фудбал: „Костурот“ од лани надополнет со младинци е новиот формат на прволигашкиот Пелистер

Големата енигма околу учеството на ФК Пелистер од Битола во ПМФЛ конечно денес е разрешена и тие ќе настапат во претстојниот шампионат. Нашите извори велат дека раководството на клубот конечно го обезбеди списокот на играчи со професионален договор со што и официјално ја потврди прволигашката борба која претстои. Во Пелистер составот го сочинуваат во главном играчи од поранешниот костур и тоа: Борче Маневски, Исни Исмаили, Филип Бошковски, Принце Ампонса, Дарко Разноски, Филип Талевски и Филип Трајчевски а на нив се придодадени играчи од подмладокот на Пелистер со што е исполнет и последниот услов. Колку за потсетување првенството во ПМФЛ ќе започне комбинирано на 7 и 8 август оваа година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk